Полиса за приватност

Во продолжение ќе ве информираме за обработката на личните податоци во опсегот на користењето на нашата веб-страница.
  1. doppelherz.mk
  2. Полиса за приватност

Одговорно лице

Одговорно лице за оваа веб-страница е Queisser Pharma GmbH & Co. KG (Schleswiger Str. 74, 24941 Flensburg). Други податоци за нашата компанија и за лицата кои се овластени да ја застапуваат можете да најдете на Издавач.

Кои податоци ќе се обработуваат?

Правна основа за обработка на податоците
За да можеме да Ви ја понудиме нашата веб-страница и услугите поврзани со неа, обработката и користењето на личните податоци се темелат на следните правни основи:

  • согласност (чл. 6, став 1, буква а од Општата регулатива за заштита на податоците (DSGVO))
  • исполнување на договори  (чл. 6, став 1, буква б од Општата регулатива за заштита на податоците (DSGVO))
  • врз база на одмерување на интересот (чл. 6, став 1, буква ф од Општата регулатива за заштита на податоците (DSGVO))
  • исполнување на правната обврска (чл. 6, став 1, буква ц од Општата регулатива за заштита на податоците (DSGVO)).
    Во врска со соодветната обработка, ќе се повикуваме на соодветна терминологија за да можете да согледате на која основа ги обработуваме личните податоци.

Доколку личните податоци се обработуваат врз основа на согласност добиена од Вас имате право таа согласност во секое време да ја отповикате со дејство активно за во иднина.

Доколку податоците се обработуваат врз основа на одмерување на интересот, имате право, како засегната странка, да ја оспорите обработката на личните податоци земајќи ги притоа во предвид прописите од член 21 од Општата регулатива за заштита на податоците (DSGVO).

Пристапни податоци
Ако ја посетите нашата веб-страница, Вашите лични податоци ќе се обработат за да може да Ви се прикажат содржините на веб-страницата на Вашиот краен уред.

За да може страниците да се прикажат на Вашиот пребарувач мора да се вчита обработи ИП-адресата од Вашиот краен уред. Понатаму доаѓаат и други информации преку пребарувачот на Вашиот краен уред.

Заради заштита на податоците, ние сме обврзани да ја гарантираме доверливоста и интегритетот на обработените лични податоци на нашиот ИТ-систем.

За таа цел и поради тој интерес, врз основа на одмерување на интересот ќе се зачуваат следните податоци:

  • ИП-адреса на крајниот уред од кој се повикува (за максимално 7 дена)
  • Оперативен систем на повикувачкиот краен уред
  • Верзија на пребарувачот (Browser) на повикувачкиот краен уред
  • Име на преземената датотека
  • Дата и час на преземање
  • Количина на преземените податоци
  • Упатување на URL-адреса.

ИП-адресата најдоцна по 7 дена ќе биде избришана од сите системи кои биле во врска со оперативноста на оваа веб-страница. Преку останатите податоци веќе не ќе може повеќе да се воспостави врска со лицето кое пребарувало.

Исто така, податоците понатаму ќе бидат употребени за да може да се препознаат и отстранат грешките на веб-страницата.

Формулар за контакт
На нашата веб-страница нудиме формулар за контакт преку кој ќе можете да поднесете барања за информации за нашите производи или услуги или општо да воспоставите контакт. Полињата кои мора да ги пополните за одговарање на поставеното барање ги обележавме како задолжителни полиња. Податоците за останатите полиња се по слободна желба.

Нам ни се потребни тие податоци за да го обработиме Вашето барање и да Ви испратиме одговор. Обработката на податоците следи при конкретни барања за исполнување, односно за воспоставување на договор. При општи барања следи обработка врз база на проценетиот интерес.

Барањата кои пристигнуваат преку формуларот за контакт на нашата веб-страница ги обработуваме електронски за да одговориме на Вашето барање. При тоа информации за содржината на формуларот кој Вие го испраќате добиваат и други лица или одделенија, односно и трети лица. 

За пренесување на формуларот со податоци преку интернет се користат шифрирани врски.

Електронско списание
На нашата веб-страница можете да се претплатите за едно електронско списание по е-мејл. За таа цел ни е потребна само Вашата мејл-адреса. Доколку сакате, можете дополнително да додадете Ваши податоци за контакт.

Ова е по сопствен избор.

Електронското списание можете во секој момент да го откажете. Алтернативно, во секоја е-мејл порака со електронското списание ќе најдете линк за одјавување.

За да можеме да ја анализираме омиленоста на нашите електронски списанија и истите да ги оптимизираме, ги следиме протоколите кога корисниците ги отвораат електронските пораки и кога ги кликнуваат линковите.  Евалуацијата следи анонимно. Значи гледаме само, на пример колку проценти од корисниците на електронското списание ја имаат отворено електронската порака или имаат кликнато на линкот. Анализата на корисниците следи врз база на проценка на интересот. Вие можете да ја оспорите обработката со тоа што ќе се одјавите од електронското списание.

Валидација на адреси на е-пошта 
Со цел да го спречиме или минимизираме погрешното внесување на е-пошта од ваша страна, ние користиме услуга во нашите формулари што ги потврдува адресите на е-пошта. Соодветна проверка се врши со помош на давател на услуги од ЕУ (Bouncer Sp. z.o.o (LTD), Полска – „Unbounce“).

Склучивме договор за обработка на нарачки со давателот во согласност со барањата од член 28 од Општата регулатива за заштита на податоци (DSGVO). Конкретно, договорот предвидува и бришење на податоците.

Употреба на видео содржина
На нашата веб-локација вклучуваме и видео содржини од таканаречените услуги од трети страни како што е bunny.net. Во овој контекст, податоците од таканареченото HTTP-барање (како што е IP адресата) се пренесуваат на bunny.net.

Обработката на податоците се одвива преку таканаречена мрежа за испорака на содржина од bunny.net. Центрите за податоци што се користат за овва цел се наоѓаат во ЕУ и Велика Британија. За Велика Британија постои таканаречена одлука за адекватност од страна на Комисијата на ЕУ, за да се гарантира соодветно ниво на заштита на податоците во овој поглед.

Функции за оценување за производите
Доколку од нас сте побарале примерок од некој производ, по извесно време ќе Ви испратиме електронска порака со која ќе Ве замолиме да ни дадете оценка за производот. За таа услуга ја користиме платформата „Trustpilot“. Trustpilot е услуга развиена во Данска и е врзана со законот за заштита на податоци на Европската унија.

Понатаму, нудиме можност по потреба да ги оценувате нашите производи директно на нашата веб-страница. Тука покрај оценувањето, треба да го наведете и името. Оценувањето може да биде објавено на нашите веб-страници. За тоа ќе бидете информирани кога ќе го дадете Вашето оценување. Обработката на податоците во врска со оваа функција на оценување е врз основа на одмерување на интересот.

Колачиња и други информации на вашите крајни уреди
На нашите веб-страници се користат колачиња. Колачињата се мали текстуални информации кои преку вашиот пребарувач се меморираат на Вашиот краен уред.

За колачиња за кои не е апсолутно неопходна согласност според член 25, став 1 бр. 2 од Закон за заштита на податоци за телекомуникации (TDDDG), ќе ја добиеме вашата согласност. Можете да ја отповикате вашата согласност во секое време со ефект за иднината со бришење на колачињата поставени од нашата веб-локација или со прилагодување на вашите поставки во поставките за колачиња на нашата веб-локација. Можете исто така да не контактирате во секое време со цел да ја повлечете вашата согласност.

Вие ја имате можноста да го спречите поставувањето на колачињата со одредени подесувања во Вашиот пребарувач. Но, би укажале дека во тој случај на користење на нашите веб-страници може да биде само во ограничен обем. Со користењето на колачињата на Вашиот компјутер нема да се инсталираат или да стартуваат никакви програми или други апликации.

За да овозможиме одредени функционалности на веб-локацијата, ние исто така складираме информации во „локалната меморија“ на прелистувачот на вашиот краен уред. Ова ја вклучува функцијата „Список на желби“ на некои од нашите страници со производи (како што е „Двојно срце“). За зачувување и читање на овие информации не е потребна согласност според членот 25, став 2, бр. 2 од Закон за заштита на податоци за телекомуникации (TDDDG).

Употребата на апсолутно неопходните колачиња („Задолжителни колачиња“) се користат врз основа на член 25, став 2, бр. 2 од Законот за заштита на податоци за телекомуникации (TDDDG). Доколку личните податоци се содржани во колачиња, обработката на податоците се одвива врз основа на одмерување на интересите (член 6, став 1, буква ф) од Законот за заштита на податоците за телекомуникации (DSGVO)). Во овие случаи, наш интерес е да понудиме функционална веб-локација прифатлива за корисниците. Другите колачиња се користат само откако претходно сте дале согласност.

Потребни колачиња
Ние употребуваме колачиња за т.н. контрола на сесијата. Овие колачиња се бришат автоматски од Вашиот пребарувач кога ќе ја завршите посетата на нашата веб-страница.

За да ви се прикажат информации за употребата на колачиња и да ви дадат можност да дадете согласност, исто така се користат колачиња. Истото важи и ако сте направиле избор во однос на вашите параметри за користењето на колачиња.

Имате можност да ги меморирате производите на нашата веб-страница во „листа со желби“. За да се овозможи тоа се користат колачиња.

На повеќе места на веб-страницата употребуваме т.н. „Popupѕ“ со кои Ве упатуваме на производи или електронски списанија. За управување со овие најави, а посебно за да не се појавува повторно „Popup“ опцијата, употребуваме колачиња.

Доколку го активирате копчето Pinterest и активирате „Pin on Pinterest“, оваа преференца ќе се меморира во едно колаче.

Останати колачиња
Информациите за останатите колачиња кои се употребуваат врз база на Вашата согласност, ќе можете да ги прочитате во понатамошните објаснувања за заштита на податоците. Доколку употребата на колачиња е спомената подолу, тоа се заснова на согласноста што ја давате кога ја посетувате нашата веб-страница. Доколку не дадете согласност, колачињата за кои станува збор нема да се постават и придружните услуги на третите даватели на услуги нема да се активираат.

Веб-анализа
За да дознаеме повеќе информации за бројот, должината на престојот и популарноста на содржината на нашата веб-страница, го користиме системот за веб анализа „Matomo“.

Притоа, ние го користиме „Matomo“ во конфигурација во која не се користат колачиња или таканаречени „пиксели“, а IP-адресите се анонимизирани.

„Matomo“ исто така, ни помага да ги идентификуваме и исправиме грешките на веб-страницата.

Правна основа за обработка на податоци врз основа на „Matomo“ е членот 6, став 1, буква ф од Општа регулатива за заштита на податоци (DSGVO) („одмерување на интереси“).  Нашиот интерес се заснива на функционирање и оптимизација на веб-страниците, без грешки и базирано на потребите.

Обработката на податоците се одвива во центар за податоци лоциран во ЕУ.

Оваа обработка на податоци можете во секое време да ја октажете со кликнување на следнава врска за деактивирање на „Matomo“:

Google Ads, двоен клик и друго „следење“
Ние користиме други услуги на Google на нашата веб-локација. Ова ја вклучува Маркетинг платформата на Google - услуга на Google Ireland Limited (Ирска). Со Google маркетинг платформата, можеме подобро да анализираме како од наша страна поставените реклами „Google Ads“ наидуваат на прием од нашите интернет корисници. За оваа цел, исто така се користат и колачиња.

Ние ја користиме услугата врз основа на ваша согласност. Во овој контекст, Google Ireland Limited може да пренесува податоци и до центрите за податоци на Google LLC во САД. Ние ја користиме услугата врз основа на вашата согласност. Во овој контекст, Google Ireland Limited може да пренесува податоци и до центрите за податоци на Google LLC во САД. Во овој поглед, соодветно ниво на заштита на податоците гарантира ЕУ-САД договорот преку загарантирана рамка за приватност на податоците. Американската матична компанија Google LLC. е сертифицирана според Рамката за приватност на податоците.

Податоците во маркетинг платформата на Google се обработуваат до 24 месеци.

Продолжуваме да користиме Google Ads врз основа на ваша согласност со цел да се прикаже рекламен материјал на нашата веб-страница или да можеме да го измериме успехот на нашите сопствени трошоци за рекламирање. Ова е исто така услуга обезбедена од Google Ireland Limited. Овде исто така, се користат колачиња. Во однос на обработката на податоците во САД, важат истите услови што ги опишавме погоре за маркетинг платформата на Google.

Дополнителни информации за обработката на податоците од страна на Google и можноста за приговор („Оpt Out“) може да најдете овде и овде.

За да ја анализираме употребата на нашата веб-страница во однос на методите на рекламирање, користиме метод за следење од Epro (eprofessional) врз основа на вашата согласност. Epro е германски провајдер со кој имаме склучено договор за обработка на нарачки.

Се обработуваат само псевдонимни податоци од кои не можеме да извлечеме никаква лична референца. Можете да го деактивирате следењето овде во секое време.

Користење на „Meta“ услуги
Ние исто така го користиме таканаречените Facebook CAPI или „Фејсбук пиксел“ за рекламни цели на нашата веб-страница, под услов да ни дадете согласност за тоа. Преку оваа интеграција на Facebook-CAPI и Facebook-Pixel, Meta Platforms Ireland Limited („Мета“), како давател на услуги на Facebook, ги добива информациите дека сте пристапиле на соодветната страница на нашата веб-страница со вашиот уред во исто време. Ако сте најавени на услугите на Мета (на пр. Фејсбук, Инстаграм), Фејсбук можеби ќе може да ја додели посетата на вашиот Мета-профил.

Обработката на податоците се одвива и во САД. Соодветно ниво на заштита на податоците гарантира ЕУ-САД договорот преку загарантираната рамка за приватност на податоците. Американската матична компанија Meta Platforms, Inc. е сертифицирана според Рамката за приватност на податоците.

Дополнителни информации за обработката на податоците од страна на „Мета“ може да најдете овде: https://de-de.facebook.com/privacy/policy/

Bing“ - универзално следење на настани
Ние го користиме т.н. „Универзално следење на настани“ од „Bing“ врз основа на Ваша согласност. Се работи за услуга обезбедена од корпорацијата Мајкрософт (САД) која се користи за креирање псевдонимни профили за користење. Обработката на податоците се одвива во САД. Оваа услуга ни овозможува да ги следиме активностите на посетителите на нашата веб-страница, доколку дошле на нашата веб-страница преку оглас на „Bing“ (Bing Ads). Податоците се чуваат до 180 дена. Повеќе информации за обработката на податоци од „Bing“ при следење на настани можете да најдете овде. Употребата на овој метод и согласност можете да ја откажете овде. Соодветно ниво на заштита на податоците гарантира ЕУ-САД договорот преку загарантирана рамка за приватност на податоците. Корпорацијата Мајкрософт е сертифицирана според оваа Рамка за приватност на податоците.

Откривање грешка („Bugtracking“)
Ние ја користиме алатката Sentry на веб-страницата. Грешките што се појавуваат при користење на веб-локацијата се евидентирани од Sentry и потоа може да се коригираат од нас.

Ние користиме Sentry во „локална“ варијанта, која ги обработува податоците на серверот на нашиот давател на услуги во германски центар за податоци. IP-адресите нема да се зачуваат во протоколите на Sentry. Во принцип, не можеме да извлечеме никаква лична референца од податоците.

Цел на обработката на лични податоци

Претходно споменатите податоци ги обработуваме за функционирање на нашата веб-страница и за исполнување на договорните обврски кон нашите клиенти односно заштита на нашите легитимни интереси.

Во случај на ваши прашања надвор од активниот однос со клиентите, ги обработуваме податоците за продажни и рекламни цели. Примената на Вашите лични податоци за рекламни цели можете да ја откажете во секое време.

Доброволни податоци

Доколку доброволно ни дадете податоци, на пример во формулари, а тоа не е потребно за исполнување на нашите договорни обврски, ние ги обработуваме овие податоци со легитимна претпоставка дека обработката и користењето на овие податоци е во Ваш интерес.

Примател / трансфер на податоци

Податоците кои ни ги доставувате во основа не се проследуваат до трети лица. Поточно, вашите податоци нема да бидат проследени на трети лица за рекламни цели.

Сепак, ние можеме да користиме даватели на услуги за да управуваме со оваа веб-страница или за други производи или услуги од нас. Овде може да се случи давателот на услуги да стане свесен за неговите лични податоци. Ние внимателно ги избираме нашите даватели на услуги, посебно во поглед на заштитата и безбедност на податоците, и ги преземаме сите неопходни мерки за заштита на податоците потребни за нивна дозволена обработка.

Обработка на лични податоци надвор од Европската Унија

Доколку личните податоци се обработуваат надвор од Европската унија, тоа можете да го прочитате во претходно наведеното.

Претставник за заштита на податоците

Назначивме претставник за заштита на податоците.

Можете да го контактирате на:

Queisser Pharma GmbH & Co. KG
-претставник за заштита на податоците-

Schleswiger Str. 74
24941 Flensburg
Е-мејл адреса: [email protected]

Вашите права како засегнат/а

Имате право на информации за личните податоци кои се однесуваат на Вас. Можете да не контактирате за информации во секое време.  При барање на информации кое не е во писмена форма, Ве молиме за разбирање при дополнителното барање докази со кои ќе се потврди дека Ви сте лицето за кое се претставувате.

Понатаму, имате право за корекција  или бришење или ограничување на обработката на податоците доколку имате законски право на тоа. Истото важи и за правото на пренесување на податоците.

Право на приговор
Конечно, имате право на приговор (член 21 од Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR)) против обработката во рамките на законските барања.

Бришење на податоци

Личните податоци во основа ги бришеме тогаш кога нема потреба за понатамошно меморирање. Може да постои услов, особено ако податоците се сеуште потребни за да се исполнат договорните услуги, да може да се провери и да се даде или да се отфрли гаранцијата и, доколку е применливо, да се гарантираат барањата. Во случај на законски обврски за чување на податоците, бришењето може да се разгледа само откако ќе истече соодветната обврска за складирање.

Право за поднесување жалба до надзорна служба

Имате право да се пожалите за нашата обработка на личните податоци пред надзорната служба за заштита на податоци.

Промена на овие упатства за заштита на податоците

Овие упатства за заштита на податоците ги ревидираме при промена на оваа веб-страница или при други поводи кои тоа го прават нужно. Актуелната верзија секогаш ќе ја најдете на оваа веб-страница.

Состојба: 08.09.2023 година