Ние, не само како брендот Doppelherz туку и како компанијата Queisser Pharma GmbH & Co. KG, имаме општествена одговорност да го ограничиме глобалното затоплување и да ги намалиме емисиите на CO2e предизвикани од луѓето, како и да го избегнеме користењето пластика во амбалажата на нашите производи секаде каде што е можно.
Поглед кон иднината
Производите на Queisser Pharma GmbH & Co. KG се изработуваат со цел да се минимизира непотребниот отпад и штетните влијанија врз климата. Долгорочно поставуваме јасни цели за уште поголеми намалувања во материјалот за амбалажа и употреба на одржливи материјали за амбалажа на производите. Со веќе постигнатите заштеди и долгорочното намалување на материјалот за амбалажа, веќе активно придонесуваме за климатска заштита и заштита на животната средина. Повеќе информации може да најдете овде.
При производството на амбалажа се испушта јаглерод диоксид, па затоа нашиот стремеж е уште повеќе да го намалиме ова количество во иднина. За жал, емисиите на CO2e од производството не можат целосно да се избегнат.

Постојано работиме на решенија што нудат поеколошки материјали за амбалажа за нашите производи.
Состојки и одржливост
Високиот квалитет на состојките е највисокиот критериум за нашите производи. Чистотата и одржливоста на суровините и активните состојки е потврдена со повеќе печати и стандарди за квалитет.
Еколошка одговорност
Имаме голем интерес за зачувување на ресурси. Уште од 1997 година сме сертифицирани според еколошкиот стандард DIN EN ISO 14001*. Целта на овој стандард е да ги комбинира континуираното подобрување на еколошките перформанси со почитувањето на законите за животна средина. Исто така, бевме една од првите компании што добија сертификат за DIN EN 50001* во 2016 година, во согласност со законските барања. Како таква, воведовме систем за управување со енергија врз основа на зафаќање на енергетските текови во нашата компанија, како и процена на енергетската ефикасност. Врз основа на овие процени подготвивме технички мерки што помогнаа да се подобри енергетската ефикасност. А тоа ни овозможи да промовираме одржлива употреба на водени и енергетски ресурси. Моментално во тек е сертифицирање според DIN EN 16247-1* – енергетската ефикасност продолжува да биде важна тема за Queisser Pharma GmbH & Co. KG.
*Сертификатите споменати во овој дел се однесуваат на опсегот на германската област Фленсбург/Хандевит во која се наоѓа нашето седиште.
Исто така, производствениот процес за производот се зема предвид во согласност со законските барања. Квалитетот на суровините како и постојаната ревизија на договорните производители се проценуваат во однос релевантноста што ја имаат за животната средина.
Queisser Pharma користи електрична енергија од 100 % еколошки прифатлива зелена енергија. На овој начин ја поддржуваме заштитата на животната средина и зачувувањето на климата на одржлив начин. Нашата зелена енергија ја добиваме од хидроенергија, која претставува обновлив избор на енергија. Соодветниот сертификат од нашиот локален снабдувач со енергија можете да го најдете ОВДЕ .
Други подетални информации за мерките за климатска заштита во Queisser Pharma можат да се најдат на нашата веб-страница на компанијата.